Адвокатот на руско-американската државјанка Ксенија Карелина, која беше осудена на 12 години затвор во Русија, изјави дека таа била ослободена на 10 април во размена на затвореници меѓу Москва и Вашингтон.
Минатиот август, Карелина беше прогласена за виновна за предавство од руски суд за донирање пари на добротворна организација со седиште во САД, која обезбедува хуманитарна помош за Украина.
„Карелина замина за САД со авион од Абу Даби во четврток наутро“, изјави нејзиниот адвокат Михаил Мушаилов за Ројтерс.
Руските медиуми објавија дека Карелина платила околу 50 евра на невладината организација „Разом“, која обезбедува материјална поддршка во Украина.
Рускиот суд пресуди дека парите биле користени од вооружените сили на Украина за купување лекови, опрема, оружје и муниција.
Видете и ова: Дванаесет години затвор за американско-руската државјанка КарелинаСудот прецизираше дека парите биле префрлени на 24 февруари 2022 година, денот кога започна руската инвазија на Украина.
Триесет и четиригодишната Ксенија Карелина е по потекло од Екатеринбург на Урал, а живеела во САД, каде што емигрирала пред повеќе од десет години и добила американско државјанство.
Минатата година, Вашингтон ја осуди бруталноста на казната на Карелин, тврдејќи дека Русија намерно апси американски државјани со цел подоцна да ги искористи за размена со Руси затворени во странство.
Најголемата размена на затвореници од Студената војна меѓу Москва и Западот се случи во август минатата година, кога американски новинари и руски опозициски личности беа ослободени за осомничени руски агенти затворени на Западот.