Германскиот конзервативен лидер Фридрих Мерц, кој треба да го наследи Олаф Шолц на функцијата канцелар на најголемата европска економија, синоќа (9 април) рече дека планира наскоро да отпатува во Вашингтон за да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Ќе се видиме наскоро“, рече Мерц за телевизијата АРД, иако додаде дека не е одреден конкретен датум за посетата.
Мерц нагласи дека пред такво патување ќе бидат неопходни консултации во рамките на ЕУ, особено за прашања како што се царините. Тој вели дека има за цел да ги претставува сите европски држави, не само Германија, за време на неговото патување во Вашингтон.
„За мене приоритет е Европа“, додаде тој.
Видете и ова: Германските партии постигнаа договор за формирање нова владаВо интервју за телевизијата ЗДФ, Мерц истакна дека одлуката на Трамп да ги суспендира неодамна воведените тарифи за 90 дена е одговор на обединетиот став на Европа, пренесе ДПА.
Тој рече дека Европа е подготвена да преговара, но и решена да ги заштити своите интереси во меѓународниот трговски конфликт.