Во две училишта во Скопје денеска (8 април) биле добиени дојави за поставени бомби, но по утврдената проверка од полицијата, утврдено е дека се работи за лажни дојави.
„На 08.04.2025 во СВР Скопје од две училишта во Скопје е пријавено дека на електронските адреси добиле дојава за наводно поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Видете и ова: Над 240 лажни дојави за поставени бомби, од БЈБ велат дека безбедноста е стабилнаОва не е прв пат да има лажни дојави во училиштата во земјава. Во февруари годинава полицијата евидентираше над 240 дојави за поставени бомби во училиштата низ земјава и за сите беше утврдено дека се лажни.