Меѓународниот атлетски сојуз денеска (25 март) објави дека го одобрил воведувањето на тест со брис за да се утврди дали спортистот е биолошки жена или не.
„Ова е важен начин да се задржи фокусот на интегритетот на женската конкуренција. Ова е несомнено патот напред“, рече претседателот на Сојузот, Себастијан Коу.
Од 2018 година, регулативите на Светската атлетика бараат од спортистите со родови разлики да го намалат нивото на тестостерон преку хормонска терапија со цел да се натпреваруваат на меѓународно ниво во женска конкуренција.
Видете и ова: Која е Имане Келиф, боксерката во центарот на контроверзноста на Олимпијадата?Оваа регулатива беше потврдена од Судот за спортска арбитража, како и од Федералниот суд во Лозана, кој во својата одлука ја истакна правичноста на натпреварувањето како основен принцип на спортот, врз основа на тоа што нивото на тестостерон им дава предност на спортистките во конкуренција.
Датумот за воведување на новите мерки не е одреден, но „се очекува тие да бидат во сила за време на Светското првенство во Токио“, кое ќе се одржи од 13 до 21 септември оваа година, пренесува АФП.