Во пукање во скопското село Волково утрото на 24 март, две лица починале, а еден малолетник е повреден.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека во полиција било пријавено дека околу 9 часот имало пукање со огнено оружје, по што полициска екипа излегла на терен.
„Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Како можен сторител на настанот се посочува М.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.
Видете и ова: Обвинение за обид за убиство близу СкопјеОд Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје информираа дека увид извршил и јавен обвинител, издадена е наредба за обдукција на починатите, а од лице место подигнато е оружјето кое ќе се вештачи.
Од скопското ОЈО додаваат дека ќе се вршат балистички и други вештачења за да се утврдат сите околности околу настанот.