Организираниот криминал напредува благодарение на употребата на вештачката интелигенција (ВИ) и другите нови технологии, објави во вторникот Европол. Експертите на европските полициски сили со седиште во Холандија гледаат „фундаментална промена“ во средствата, тактиките и структурите, јавува германската новинска агенција ДПА.
„Организираниот криминал дестабилизира сè повеќе општества, се повеќе се храни со интернет и е значително забрзан од вештачката интелигенција и другите нови технологии“, се наведува во извештајот.
Според Европол, вештачката интелигенција се користи во врска со сексуалната злоупотреба на деца.
Видете и ова: Европол предупредува на насилни онлајн култови кои регрутираат малолетнициСе фалсификуваат фотографии или филмови и се користат за уцена на деца. Гласовите и лицата, исто така, може да се направат да изгледаат измамнички реално со помош на вештачка интелигенција. Анализата на организираниот криминал ја објавува Европол на секои четири години.
„Тие се пофлексибилни и поопасни од кога било досега“, вели шефот на Европол, Кетрин Де Боле.
Еден јасен тренд е поголемото регрутирање млади луѓе од криминални банди, некои на возраст од 14 години. Тие се регрутирани на социјалните мрежи, на пример, за да извлечат пакети со кокаин од контејнери во пристаништата, но и за екстремни акти на насилство, вклучително и нарачани убиства, се наведува во извештајот.