Канадската влада најави дека ќе одговори на американските царини од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум, кои стапија на сила на почетокот на 12 март.
Министерот Доминик Лебланк објави дека од 13 март во 12:01 часот по локално време, Канада ќе воведе реципрочна царина од 25 отсто, на дополнителни 29,8 милијарди канадски долари на увоз од САД.
Канада е најголемиот странски снабдувач на челик и алуминиум од САД.
Инаку, на 11 март Трамп се повлече од најавеното удвојување на царините на 50 отсто за канадскиот алуминиум и челик откако канадската провинција Онтарио ја суспендираше својата одлука да воведе давачка за електричната енергија за САД.
Ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Канада дојде додека премиерот Џастин Трудо се подготвуваше да ја предаде власта оваа недела на неговиот наследник Марк Карни, кој минатиот викенд победи во трката на владејачките либерали.
Канада испорачува околу 4 милиони барели сурова нафта дневно во САД преку гасовод, главно до рафинериите во Средниот Запад.
Видете и ова: Од 1 април контрамерки на ЕУ за американските царини за увоз на челик и алуминиумПоголемиот дел од американско-канадската трговија останува без царина според трговскиот договор USMCA што Трамп го потпиша во 2020 година, но високите царини на Канада за млечни производи остануваат.
Отава минатата недела доби едномесечно одложување за извозот во рамките на USMCA поради сеопфатните царини од 25 отсто на Трамп за Канада, поради шверцот со фентанил.
Но, од почетокот на април Канада исто така се соочува и со реципрочните царини на Трамп кои имаат за цел да ги зголемат царините на САД за да се усогласат на стапките на другите земји и да се спротивстават на нетарифните бариери.
Канада, со ибилни хидроенергетски ресурси кои го направија примарното производство на алуминиум попрофитабилно отколку во САД, изгради водечка позиција на американскиот пазар на алуминиум.
Фокусот на Трамп на царините по преземањето на функцијата во јануари ја разниша довербата на инвеститорите, потрошувачите и деловните луѓе на начини за кои економистите се повеќе се загрижени дека може да предизвика рецесија во САД.