Претседателот на ентитетот Република Српска (РС), Милорад Додик на 12 март во Бања Лука изјави дека е започната „хајка од Сараево против РС“, обраќајќи се по издадената наредба за негово приведување на распит.
Обвинителството на БиХ денеска издаде наредба за приведување на Додик, за премиерот на РС Радован Вишковиќ и за претседателот на Националното собрание на ентитетот, Ненад Стевандиќ, информација која беше потврдена за Радио Слободна Европа (РСЕ).
Во наредбата за нивно приведување на распит е наведено дека тие се осомничени за кривично дело нарушување на уставниот поредок, за што Кривичниот законик на БиХ предвидува затворска казна од пет години, како и можност за забрана за вршење должност.
Видете и ова: Обвинителството на БиХ издаде налог за апсење на претседателот на РС Додик, премиерот Вишковиќ и спикерот СтевандиќГоворејќи за новинарите во Бања Лука, Додик повтори дека нема да одговори на поканата на Обвинителството на БиХ за сослушување, обвинувајќи ги Судот и Обвинителството за „инквизиција“.
„Еве, приведете не, да видиме како ќе го направите тоа. Ако мислат дека решението е да го видат Додик со лисици, тоа им е на дофат, но тоа не значи дека можат тоа да го направат. Јас ќе си ја работам мојата работа и никогаш нема да ја напуштам РС“, рече тој на прес-конференција, на која се обратија и Вишковиќ и Стевандиќ.
Обвинителството на БиХ на 6 март соопшти дека од декември минатата година води истрага поради постоење основи на сомнение дека е сторено кривично дело „напад врз уставниот поредок“. Обвинителството тогаш не соопшти за што конкретно се однесува истрагата и кои се осомничените.
Наредбата за приведување на Додик, Вишковиќ и Стевандиќ ја добила судската полиција на Судот на БиХ на 12 март, а побарала и помош од Државната агенција за истраги и заштита (СИПА).
Видете и ова: Руте: НАТО нема да дозволи мирот во Босна да биде загрозенМинатата недела тој на социјалните мрежи објави дека Обвинителството на БиХ го повикало да дојде во петок на 7 март да даде изјава „како осомничен за уривање на уставниот поредок“. Тогаш, исто така, тој рече нема да одговори на повикот.
Тој во новото појавување во медиумите изјави дека повторно е повикан да дава исказ за понеделник, 10 март, а потоа изјави дека не добил покана од Обвинителството на БиХ.
„Не би препорачал СИПА да дејствува и верувам дека нема. Имам доверба и во полицијата на РС“, им рече Додик на новинарите во Бања Лука.