Кремљ ја осуди „конфронтирачката реторика“ на Европската Унија откако лидерите на блокот се согласија да ја зајакнат нејзината одбрана на кризниот самит кој се одржа на 6 март во Брисел.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија внимателно ја набљудува ЕУ, велејќи дека „ЕУ активно разговара за темата милитаризација“ и „ја позиционира Русија како главен непријател“.
„Гледаме дека Европската Унија сега активно разговара за милитаризација на ЕУ и за развојот на одбранбениот сегмент. Ова е процес што внимателно го следиме, бидејќи ЕУ ја позиционира Русија како свој главен противник“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Ова додаде Песков, би можело „ да биде тема на длабока загриженост“, што би можело да доведе до ситуација „на неопходност да се преземат соодветни одмазднички мерки“, рече Песков.
Европските лидери во четвртокот ги поддржаа плановите да се троши повеќе за одбраната и заеднички се согласија дека ја поддржуваат Украина, по промената на политиката на САД под водство на Доналд Трамп.
Видете и ова: Европа го поддржа Зеленски, потврдени новите состаноци со САДПортпаролот на Кремљ вели дека „конфронтирачката реторика и конфронтациската анализа на ЕУ се неусогласени со расположението да се бараат патишта за мирно решавање на тригодишниот конфликт во Украина“.
Откако Трамп упати повици за нуклеарно разоружување вклучувајќи ја тука и Русија, Кремљ рече дека немало такви разговори меѓу САД и Русија, но дека европските нуклеарни резерви мора да бидат „област на интерес“ во какви било разговори.
Песков го посочи предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој во обраќањето до нацијата рече дека Франција може да го прошири својот „нуклеарен чадор“ за да ги заштити соседните земји.