Обединетите Нации се сериозно загрижени поради „фундаменталната промена“ во насоката на американската политика, изјави Високиот комесар за човекови права Фолкер Тирк.
Во говорот пред Советот за човекови права во кој детално ја анализираше ситуацијата во светот, Тирк исто така изрази жалење поради „контроларното влијание“ на, како што рече, „неизбраните технолошки олигарси“.
„Мал број неизбрани технолошки олигарси имаат наши податоци, знаат каде живееме, што работиме, нашите гени и нашата здравствена состојба, нашите мисли, обичаи, желби и стравови. Тие нè познаваат подобро отколку што ние самите се познаваме. Тие знаат како да манипулираат со нас“, додаде тој, истакнувајќи дека недостигот на регулатива може да доведе до „угнетување, потчинување и тиранија“.
Високиот комесар рече дека ОН со децении уживаат поддршка од Соединетите Држави за прашањата за човековите права „благодарение на великодушноста и сочувството на американскиот народ“.
„Но, денес сум длабоко загрижен од фундаменталната промена на насоката што се спроведува на национално и меѓународно ниво“, рече Турк.
Без да го спомене директно американскиот претседател Доналд Трамп, Тирк истакна дека „на парадоксален начин, политиките кои имаат за цел заштита од дискриминација сега се квалификуваат како дискриминаторски“.
Видете и ова: По „ролеркостер дипломатијата“, Европа сака да го врати моментумот за Украина„Дезинформациите, заплашувањата и заканите, особено кон новинарите и државните службеници, ризикуваат да ја доведат во прашање работата на независните медиуми и функционирањето на институциите“ рече Турк и додаде:
„Треба да се прилагодиме брзо. Државите треба да ја исполнат својата должност да ги заштитат граѓаните од неконтролираната влада и да работат заедно за да го спречат тоа“, рече Турк.
Острата критика на високиот комесар кон САД доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за повлекување на САД од Советот за човекови права на ОН на почетокот на февруари.
Соединетите Држави не беа членка на тоа тело на ОН пред враќањето на републиканецот Доналд Трамп во Белата куќа, но како и сите други земји-членки на ОН, САД можеа да учествуваат во дискусиите како набљудувачи.