Приватниот лендер на компанијата „Firefly Aerospace“ слета на Месечината на 2 март, носејќи опрема за НАСА.
Вселенското летало „Blue Ghost“ (Син дух) се спушти од орбитата на Месечината целејќи кон падините на древна вулканска купола.
„Ние сме на Месечината“, соопштија од контролната мисија додавајќи дека лендерот е „стабилен“.
Ова слетување го прави „Firefly“, стартап основан пред една деценија, првата приватна компанија која без пад, успеа да слета вселенско летало на Месечината.
Само пет земји успеаја во овој потфат: Русија, САД, Кина, Индија и Јапонија.
На чекор да го постигнат овој подвиг сè уште две други приватни компании.
Видете и ова: По половина век Русија го лансираше првото вселенско летало на МесечинатаЛансиран во средината на јануари од Флорида, лендерот однесе десет експерименти на Месечината за потребите на НАСА.
Вселенската агенција плати 101 милион долари за испораката, плус 44 милиони долари за технологијата. Тоа е трета мисија во рамките на Програмата за комерцијална лунарна испорака на НАСА, која има за цел да започне лунарна економија на конкурентни приватни претпријатија.
Уште еден лендер изграден и управуван од „Intuitive Machines“ со седиште во Хјустон треба да слета на Месечината во четврток. Оваа компанија имаше обид и минатата година, но мисијата беше неуспешна.
Третиот лендер на јапонска компанија има уште три месеци до слетувањето. Нејзиниот прв лендер исто така се урна во 2023 година.
Под претпоставката дека некои мисии ќе пропаднат, целта на НАСА е да воспостави темпо од две приватни слетувања на Месечината годишно, рече главниот научен офицер на вселенската агенција Ники Фокс.
За разлика од успешното слетување на месечината на НАСА, кое беше поддржано со милијарда долари и со астронаути во екипажот, приватните компании работат со ограничени буџети и со роботски вселенски летала кои мора да слетаат сами, вели извршниот директор на„ Firefly“, Џејсон Ким.