Променливо облачно со сончеви периоди, вечер слаб снег на планините

Облачно време.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, проследено со слаб до умерен југоисточен ветер. Од вечерните часови и во текот на ноќта, во планинските предели се очекуваат услови за слаб снег.

Минималните температури ќе се движат од -8 до 0 степени, додека максималните ќе достигнат од 3 до 7 степени.

Во Скопје се очекува слична временска состојба – променлива облачност со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се движат од -4 минимална до 7 степени целзиусови максимална.

Според УХМР, во следниот период се очекува постепен пораст на температурите, но и услови за магла и ниска облачност во одделни котлини. Од недела кон понеделник се можни слаби врнежи од дожд, а на повисоките места повремен снег.