Украинскиот напад со беспилотно летало врз главниот нафтовод што минува низ јужна Русија би можел да го намали обемот на извозот на нафта за речиси една третина во следните два месеци, соопшти во вторник (18 февруари) руската државна компанија „Транснефт“.
Седум беспилотни летала со експлозив удриле во понеделникот во пумпна станица на конзорциумот на Каспискиот нафтовод, кој транспортира казахстанска нафта низ јужна Русија за извоз преку Црното Море, вклучително и во Западна Европа.
„Последиците од овој напад ќе бидат елиминирани во рок од месец и пол до два месеци, што може да доведе до пад од 30 отсто на количината на нафта испумпана од Казахстан“, соопшти Транснефт.
Гасоводот долг 1500 километри е во сопственост на конзорциум кој ги вклучува руската и казахстанската влада, како и западните енергетски компании Шеврон, Ексон Мобил и Шел.
Околу 80 отсто од извозот на сурова нафта на Казахстан и околу еден отсто од вкупната глобална понуда минуваат низ него. Три четвртини од 63 милиони тони што поминаа низ гасоводот минатата година беа испумпувани од западни енергетски компании, соопшти во вторникот Транснефт.
Видете и ова: Украински дронови погодиле голем меѓународен нафтовод во РусијаНа прашањето на АФП како ќе ја пренасочи нафтата и какво влијание може да има врз економијата на Казахстан, Министерството за енергетика на земјата рече дека „во моментов ги утврдува сите детали за ова прашање“.
Казахстан, кој во голема мера се потпира на руската инфраструктура, ги засили напорите да ги диверзифицира своите патишта за извоз на енергија во времето на руската инвазија на Украина.
Киев ја напаѓа руската енергетска инфраструктура за време на тригодишниот конфликт, сакајќи да ги погоди локациите за кои вели дека ја снабдувааат со гориво руската војска или обезбедуваат ресурси за поддршка на нејзината инвазија.