Американскиот претседател Доналд Трамп на 13 февруари го претстави патоказот за воведување реципрочни тарифи за секоја земја што има царини за увоз од САД и рече дека би сакал Русија да се врати во Групата 7 индустриски развиени земји.
Трамп рече дека е грешка што Москва била исфрлена од Г7.
Русија беше членка на клубот Г7 на индустријализираните демократии, тогаш познат како Г8, додека Москва не беше протерана по анексијата на украинскиот полуостров Крим во 2014 година.
„Би сакал да ги вратам. Мислам дека беше грешка да бидат избркани. Видете, не е прашање дали ви се допаѓа Русија или не ви се допаѓа Русија. Тоа беше Г8“, рече Трамп во Белата куќа додека ги објавуваше новите реципрочни американски царини.
Белата куќа вели дека реципрочните царини ќе ја зајакнат економската и националната безбедност на САД.
„Сакаме еднакви услови за игра“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, разговарајќи за тарифните мерки.
Видете и ова: Фон дер Лајен: Неоправданите царини кон ЕУ нема да останат без одговорТарифите не стапуваат на сила во четврток, но би можеле да почнат да се воведуваат за неколку недели бидејќи трговско-економскиот тим на Трамп ги проучува билатералните царини и трговските односи, изјави за новинарите претставник на Белата куќа.
Хауард Лутник, кандидатот на Трамп за министер за трговија, рече дека администрацијата ќе се занимава со секоја земја поединечно. Тој рече дека студиите на администрацијата за ова прашање ќе бидат завршени до 1 април.
Трамп, кој водеше кампања на ветување за намалување на цените, рече дека цените може да се зголемат на краток рок како резултат на тие потези. „Царината е одлична“, рече тој.
Официјален претставник на Белата куќа, зборувајќи за новинарите пред објавувањето на Трамп во Овалната соба, рече дека администрацијата прво ќе ги испита, како што ги нарече, „најбезобразните“ прашања, вклучително и земјите со најголем трговски суфицит и највисоки царини.
Реципрочните тарифи на Трамп ќе одговараат на повисоките тарифи што ги имаат другите земји, рече тој. Тие, исто така, треба да се спротивстават на нетарифните трговски бариери како што се оптоварувачките регулативи, даноците на додадена вредност, владините субвенции и политиките на девизниот курс што може да го попречат протокот на американски производи на странските пазари.
Изгледа дека објавата е дизајнирана барем делумно да ги поттикне разговорите со другите земји за намалување на тие бариери. Официјалниот претставник рече дека Трамп би бил среќен да ги намали тарифите доколку другите земји ги намалат нивните.
„Значи, претседателот ќе биде повеќе од среќен да ги намали тарифите ако земјите сакаат да ги намалат тарифите. Но, исто така, да признаеме дека тарифите, повисоките царини, не се најголемиот дел од проблемот во многу, ако не и во повеќето случаи“, рече претставникот.
Целите ги вклучуваат Кина, Јапонија, Јужна Кореја и Европската унија. Тарифите би го избегнале пристапот „една мерка за сите“, рече тој, иако не исклучува рамна глобална тарифа.
Видете и ова: Трамп ќе најави нови царини, дополнително проширувајќи ја глобалната трговска војнаОфицијалниот претставник рече дека недостатокот на реципрочни царини во САД придонесе за големиот и постојан трговски дефицит на САД.
Индискиот премиер Нарендра Моди, кој требаше да се сретне со Трамп, ја предводи земјата која наметна највисоки царини за американскиот извоз од кој било друг голем трговски партнер на САД. Трамп го истакна ова во четвртокот.
Последната рунда тарифи на републиканскиот претседател ги засили стравувањата од ширење на глобалната трговска војна и се закани да ја зголеми инфлацијата во САД.
Трговските советници на Трамп во средата ги финализираа плановите за реципрочни тарифи што американскиот претседател вети дека ќе ги воведе на секоја земја што воведува царини за увоз од САД.
Трамп, кој ја презеде функцијата на 20 јануари, веќе најави царини за целиот увоз на челик и алуминиум почнувајќи од 12 март и воведе царини од 10 отсто за стоки од Кина. Тој се закани и со царини за стоки од соседните Канада и Мексико, но ја одложи таа одлука за 30 дена.
Видете и ова: Шолц: Европа би можела да преземе акција „во рок од еден час“ доколку САД воведат цариниАмериканскиот претседател во понеделникот рече дека размислува и за посебни царини за автомобили, полупроводници и фармацевтски производи. Во четвртокот, тој рече дека тарифите за автомобилите ќе следат наскоро.
Трговските експерти велат дека структурирањето на реципрочните царини што ги сака Трамп претставува голем предизвик за неговиот тим, што може да даде објаснување зошто најновите царини не беа објавени претходно оваа недела.