Американскиот претседател Доналд Трамп им објави „војна“ на хартиените сламки и се залага за враќање на пластиката.
Трамп во понеделникот (10 февруари) потпиша наредба во Белата куќа во која се наведува дека американските владини оддели и агенции повеќе не треба да набавуваат и користат хартиени сламки во иднина.
Неговиот тим, исто така, треба да развие национална стратегија за ставање крај на употребата на хартиени сламки.
„Овие работи не функционираат. Сум ги имал многу пати, понекогаш се кршат...Ако нешто е жешко, тие не траат многу долго, прашање на минути е, понекогаш прашање на секунди, тоа е смешно, па ќе се вратиме на пластичните сламки. Мислам дека е во ред“, рече Трамп за употребата на хартиените сламки.
Видете и ова: Продажбата на пластичните ќеси опадна, побарувачката на хартиени скромнаТрамп додаде дека не мисли дека „пластиката ќе влијае на тоа што ќе го јаде ајкулата додека се движи низ океанот“.
Пластичните предмети за еднократна употреба како чаши за пиење, прибор за јадење или сламки се сметаат за штетни за животната средина, делумно затоа што голем дел од нив завршуваат во океанот.
Во Европската Унија, на пример, продажбата на пластични сламки за пиење е забранета од средината на 2021 година. Околу 9,2 милијарди тони пластика се произведени од 1950-тите или тоа е приближно еднакво на тежината на 910 000 Ајфелови кули, според бројките на ОН.
Огромното мнозинство пластика не е биоразградливо и на крајот завршува како отпад во депониите или во океанот.