Украина погоди складиште за нафта во јужниот руски регион Краснодар, соопшти Киев откако локалниот руски гувернер пријави пожар во објектот.
Киев ги интензивираше своите воздушни напади врз руските енергетски и воени инсталации во последните месеци. Украина смета дека тоа е праведен одговор на постојаното бомбардирање на Москва на украинската енергетска мрежа и градови.
„Ударот е потврден. Во објектот избувна пожар“, соопшти украинскиот Генералштаб, додавајќи дека објектот бил „вклучен во снабдувањето со бензин и дизел за руската окупаторска армија“.
„Нападите врз стратешките цели вклучени во поддршката на руската вооружена агресија против Украина ќе продолжат“, се вели во соопштението од Генералштабот.
Видете и ова: САД повикуваат на избори во Украина: чекор кон мир или подарок за Путин?Локалниот гувернер Вениамин Кондратиев претходно изјави дека „нашите војници одбраниле напад со беспилотно летало“ со остатоци што паднале во нафтен „резервоар“ во руското село Новоминскаја.
„Избувна пожар, а 55 пожарникари испратени на местото на настанот“, рече тој во објава на Телеграм.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Украински војници, под постојано гранатирање, ги одбиваат руските напади врз Торецк
„Според првичните информации, никој не е ранет“, рече Кондратиев, додавајќи дека складиштето содржи „незначителни остатоци од нафтени деривати“.
Украина, исто така, соопшти дека го оштетила рускиот систем за противвоздушна одбрана лоциран во делот на јужната област Запорожје под руска контрола.
Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари 2022 година.