Најмалку четворица загинати во руски напад на Изум

Оштетени згради во Изум, Харкив (архивска фотографија)

Руските сили извршија смртоносен ракетен напад врз градот Изум на источниот фронт во областа Харкив, изјави шефот на регионалната воена администрација.

„Непријателски напад врз Изум. Според прелиминарните податоци, окупаторите употребиле балистичка ракета. Загинаа четири лица“, напиша Олех Синехубов на Телеграм.

Според него, руските сили го погодиле централниот дел на стратешки важниот град кој ги поврзува клучните патни мрежи и рутите за снабдување.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Четири лица загинале во напад на руски дрон врз станбена зграда во Суми, Украина

Првично беа пријавени 17 повредени, од кои пет се хоспитализирани. Бројот на ранетите подоцна се зголемил на 20 лица.

Руската војска редовно ги напаѓа украинските региони, предизвикувајќи широко распространето уништување во цивилните области со беспилотни летала, проектили, артилерија и разни видови бомби.

Кремљ негира дека цели на цивилни области и покрај доказите за такви напади.