Засега непознати сторители опожариле автомобил на јавен обвинител во текот на ноќта, соопштија од Основното јавно обвинителство Скопје на 3 февруари.
Од Обвинителството велат дека интензивно се преземаат дејства за откривање на сторителите.
„Првичните сознанија упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмети во кои во моментов интензивно презема истражни дејствија. Истражните органи работат на расчистување на настанот и на целосно утврдување на причините“, соопштија од Обвинителството.
Видете и ова: Обвинителот чие возило беше опожарено очекува брзо откривање на сторителиПретходно, во декември 2024, беше опожарен автомобилот на обвинителот Џелал Бајрами од Куманово.
Како што посочи тогаш Бајрами во изјава за новинската агенција МИА, возилото било паркирано пред дворот од неговата куќа, а од пожарот немало друга штета.
Истата вечер во кумановската полиција, биле пријавени и два други случаи на опожарени патнички моторни возила.