Три деца загинаа во саботата вечерта при уривање на стара зграда во градот Јабланица, во близина на Ѓаковица, Косово.
Зградата се урна под засега неутврдени околности, при што загинаа три момчиња на возраст од 15 и 14 години, кои биле внатре во моментот на несреќата.
Претставникот на косовската полиција Милазим Луми за локалните медиуми изјави дека урнатата зграда е стара и ненаселена по војната во Косово во 1999 година.
Роднина на жртвите, Запарим Адемај, за локалните медиуми изјави дека камерите од блиската куќа покажале дека зградата се урнала околу 16:35 часот, а телата на децата биле пронајдени речиси четири часа подоцна.
Видете и ова: Поднесено уште едно обвинение за нападите врз припадници на КФОР во Косово„Полицијата, брзата помош, пожарникарите пристигнаа многу брзо. Ги најдовме без знаци на живот“, рече тој.
Државното обвинителство соопшти дека работи на расчистување на случајот, а телата на жртвите се пренесени на обдукција во Институтот за судска медицина.
Косовската претседателка Вјоса Османи упати сочувство до семејствата, додека неколку политички претставници во земјата повикаа на истрага.