Најмалку две лица загинаа, а седум се ранети рано утрината (30 јануари) во напад на руски дрон врз станбена зграда во градот Суми, во североисточна Украина, соопшти украинската служба за итни случаи.
Меѓу ранетите има седумгодишно дете и 18-годишно момче, јавија украинските медиуми.
Сите повредени биле пренесени во локалните болници.
Видете и ова: Руски напади со беспилотни летала ширум УкраинаШефот на регионот Суми, Володимир Артјук, на својот канал на Телеграм изјави дека службите за итни случаи ги евакуираат жителите од деловите на зградата кои беа оштетени во нападот.
Украинските медиуми објавија дека Русите нападот го извршиле со дронови „шахид“.
Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари 2022 година.