Расте бројот на болни од грип, најмногу во Кавадарци и Кратово

Пациенти во болница (илустрација)

Продолжува да расте бројот на заболени лица од грип и слични заболувања. Од 13 до 19 јануари евидентирани се 1412 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грипот. Тоа претставува 34,1 отсто повеќе во споредба со претходната недела.

Од новозаболените, 848 лица се на возраст од 15 до 64 години. Во 251 случај станува збор за деца на возраст од пет до 14 години. Најмногу заболени има во Кавадарци - 150, Куманово - 140, а во останатите градови, бројот на заболени е помал.

„Во сезоната 2024/2025 вкупниот број на случаи на грип - заболувања слични на грипот изнесува 3.820“, појаснија од Институтот.

Видете и ова:

ИЈЗ: Расте бројот на заболени од грип

Од Институтот потсетија дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.

Заклучно со трета недела, во Република Северна Македонија вакцинирани се вкупно 72.348 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, а пикот се очекува кон средината на февруари.