Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска (22 јануари) планира да отпатува во Париз на средба со францускиот претседател Емануел Макрон. Средбата која најверојатно ќе биде на пладне, се случува на два дена по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Покрај идното позиционирање на ЕУ во однос на САД, разговорите најверојатно ќе се фокусираат и на војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток.
Шолц не е единствениот водечки германски политичар кој патува во Франција во моментов.
Видете и ова: Шолц вети дека ќе ја брани слободната трговија откако Трамп се закани со цариниАнке Релингер, претседателка на Горниот дом на парламентот, Бундесратот, од вчера до четврток е во Париз и треба да се сретне со претседателите на двата дома на францускиот парламент, Националното собрание и Сенатот.
Министерот за одбрана Борис Писториус в четврток (23 јануари)во Париз ќе има средба со својот колега Себастиен Лекорну.