Најмалку четири лица загинаа во руски воздушен напад врз Киев, изјави на 18 јануари шефот на воената администрација на главниот град на Украина, Тимур Ткаченко, пренесе Агенцијата Франс Прес.
„За жал, веќе имаме четворица мртви во областа Шевченко и тројца ранети“, изјави воен претставник на Телеграм.
Агенцијата Асошиетед прес (АП) објави дека Русија лансирала 39 дронови Шахед, други беспилотни летала со симулатори и четири балистички ракети кон украинските воздухопловни сили. Украинските сили за воздушна одбрана соборија два проектили и 24 беспилотни летала.
Градоначалникот Виталиј Кличко претходно предупреди дека Киев е „под закана од напад со балистички ракети“.
Видете и ова: Зошто Украинците се противат на намалување на старосната граница за регрутирање?Руските сили во неделата го нападнаа и центарот на Запорожје, каде две лица беа ранети. Гувернерот Иван Федоров изјави дека делумно е оштетена зграда во индустриски објект.
Во меѓувреме, бројот на загинати од рускиот воздушен напад на 17 јануари на Кривиј Рих во централна Украина се искачи на пет, потврди украинскиот воен претставник Јевхен Ситниченко.