Европската комисија има намера да предложи забрана за увоз на руски примарен алуминиум во нејзиниот 16-ти пакет санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина, изјавија денеска, 14 јануари, дипломати на ЕУ.
Членките на ЕУ се надеваат дека ќе го усвојат 16-тиот пакет санкции во февруари на третата годишнина од војната.
Европската комисија, денеска, одржа неформални состаноци со земјите-членки за да разговараат за деталите од претстојниот пакет, посочуваат упатени извори. Еден извор додаде дека забраната за увоз на руски алуминиум ќе се воведува постепено.
Видете и ова: Чешка го заврши нафтоводот од Запад за да не биде зависна од руската нафтаКон крајот на минатата година, во писмо десет членки на ЕУ предложија дополнителни санкции за трговијата со Русија, вклучително и за производите од нејзината метална индустрија, како што е алуминиумот.
Досега ЕУ воведе забрани за производи од алуминиум, вклучувајќи жица, цевки и фолија.
САД и Велика Британија го забранија увозот на метали произведени во Русија во 2024 година, но ЕУ одби да го следи примерот поради противењето на некои земји-членки.