Романија се подготвува да ја преземе командата над воените сили на Европска Унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР). Четири повеќенаменски хеликоптери ИАР-330 веќе се стационирани во базата Бутмир во близина на Сараево, каде е и командата на ЕУФОР. Хеликоптерите се наменети за транспортни операции и медицински евакуации.
Според претходно утврдениот распоред за ротација, должноста командант на ЕУФОР ќе ја преземе романскиот генерал-мајор Флорин-Маријан Барбу на 31 јануари. Генералот Барбу (56) пристигнува во БиХ од позицијата началник за операции на романските вооружени сили.
Видете и ова: Холандија испрати 100 војници во БиХ, во рамки на мировната мисија ЕУФОРЕУ ја презеде мировната мисија во БиХ од НАТО во 2004 година, воспоставувајќи операција наречена Алтеа. Основата на мисијата е мултинационален маневарски баталјон составен од војници од Австрија, Грција, Унгарија, Италија, Молдавија, Северна Македонија, Романија и Турција, додека остатокот од воениот персонал е распореден во 20 канцеларии за врски низ земјата.
Операцијата Алтеа е воспоставена врз основа на договорот Берлин плус меѓу НАТО и ЕУ, кој предвидува распоредување на силите на Алијансата во случај на влошување на ситуацијата на теренот и потреба од директна воена интервенција за зачувување на мирот.
Мандатот на мисијата Алтеа се заснова на одлуките на Советот за безбедност на ОН, што се носат еднаш годишно.