Русија и Иран ќе го потпишат долгоочекуваниот сеопфатен пакт за „сеопфатно стратешко партнерство“ на 17 јануари за време на посетата на Русија на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, соопшти денеска (13 јануари) Кремљ.
„Владимир Путин на 17 јануари ќе разговара со претседателот на Исламската Република Иран, Масуд Пезешкијан, кој ќе престојува во официјална посета на Русија“, соопшти Кремљ.
Според соопштението, двајцата лидери ќе разговараат за опциите за понатамошно проширување на врските меѓу Москва и Техеран, вклучувајќи трговија и инвестиции, транспорт и логистика и за хуманитарниот дел.
Видете и ова: Средба на рускиот и иранскиот претседател, додека беснее војна на Блискиот ИстокИран се подготвува да извезе балистички ракети „Фат-360“ и „Абабил“ во Русија, се наведува во новото известување.
Путин и Пезешкијан ќе разговараат и за регионални и меѓународни прашања, додаде Кремљ.
Русија ги зајакнува врските со Иран и други земји кои се непријателски настроени кон САД, како што е Северна Кореја, од почетокот на војната во Украина.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во октомври изјави дека Москва и Техеран имаат намера да потпишат пакт за стратешко партнерство што ќе вклучи поблиска одбранбена соработка.
САД во септември го обвинија Техеран дека и доставува балистички ракети на Русија кои ги користи против Украина и воведоа санкции за бродови и компании за кои рекоа дека се вклучени во снабдувањето на Иран со оружје. Техеран негира дека и дал проектили на Москва.
Извори: Ројтерс, АФП