Најмалку 16 лица загинаа во пожарите во Лос Анџелес, Калифорнија, во Соединетите Американски Држави (САД), соопштија надлежните американски власти на 12 јануари.
Петдневните пожари во вториот по големина град во САД уништија 12.000 згради и 15.000 хектари земја.
Видете и ова: Шумски пожар беснее во Лос Анџелес, евакуирани 30000 луѓе„Опасноста од пожар во округот Лос Анџелес останува на високо ниво“, рече шефот на противпожарната служба Ентони Марон.
Властите воведоа полициски час од 18 часот до 6 часот наутро во погодените области Пацифик Палисадес и Алтадина поради бројните грабежи во опустошените и евакуирани области.
Причината за пожарите се уште не е официјално објавена.