УХМР: Вечер и утре обилни врнежи од снег

Архивска фотографија - снег во Скопје.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува снежна ноќ со врнежи кои почнувајќи од север ќе преминуваат во снег, дури и во пониските места. До утринските часови, на многу локации ќе се формира снежна покривка.

Утрешниот ден (12.01) ќе донесе обилни врнежи од снег, особено во западните делови, каде локално ќе достигнат над 40 литри на квадратен метар.

Снежната покривка значително ќе се зголеми, со над 50 сантиметри на планините и над 20 сантиметри во југозападните делови.

Видете и ова: Временска прогноза: Променливо облачно со дожд и снег

Силен северен ветер и ниски температури ќе предизвикаат голомразица и снежни наноси.

Во Скопје, врнежите од снег ќе започнат вечерва и ќе продолжат утре, создавајќи снежна покривка која ќе расте во текот на денот.

Снег ќе провејува и во понеделник, а наредните денови ќе носат студено време со можност за слаби снежни врнежи.