Десетици луѓе беа убиени оваа недела во воздушен напад на воената влада на Мјанмар во западната држава Ракин, соопштија Обединетите нации, додека граѓанската војна во земјата во Југоисточна Азија се приближува кон својата четврта година.
Цивилната влада во сенка и Армијата Аракан, етничка милиција со седиште во Ракин која се бори за автономија на регионот, исто така известија дека во нападот загинале десетици луѓе.
Хунтата во средата попладне го нападна селото Кјаук Ни Мав во населбата Јанби, уништувајќи околу 500 домови и убивајќи повеќе од 40 луѓе, соопштија од Владата на национално единство и ОН.
Хунтата ги отфрла обвинувањата за злосторства против цивили, инсистирајќи на тоа дека се бори против „терористите“.
Видете и ова: Воената хунта во Мјанмар амнестира илјадници затворенициАрмијата на Аракан ги објави имињата на 26 муслимански селани за кои рече дека биле убиени, додека 12 биле повредени во нападот.
Кампањата за крвави пари „Blood Money Campaign“, коалиција на активисти во Мјанмар кои работат на запирање на приходите на хунтата, ги повикаа меѓународните влади брзо да ги санкционираат субјектите што ја снабдуваат со авионско гориво.
„Само кога ќе престане оваа поддршка, воздушните напади навистина ќе престанат“, рече Мулан, портпарол на коалицијата.
Мјанмар е во превирања откако војската ја собори избраната влада на нобеловката Аунг Сан Су Чи во 2021 година, што предизвика масовни протести кои ескалираа во широко распространет вооружен бунт на повеќе фронтови.
ОН ги повикаа сите страни да се придржуваат до нивните обврски според меѓународното хуманитарно право.