Северна Кореја тестираше хиперсонична ракета со голем дострел во Пацификот

Северна Кореја - Лансирање на хиперсонична ракета на неоткриена локација во Северна Кореја, 7 јануари 2025 година

Северна Кореја на 7 јануари објави дека тестирала нова хиперсонична ракета со среден дострел, која може да погоди далечни цели во Пацификот.

Севернокорејските државни медиуми го објавија ова еден ден откако војската на Јужна Кореја соопшти дека открила дека Северна Кореја лансирала проектил кој прелета 1.100 километри пред да слета во водите меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија, јавува новинската агенција Асошиетет Прес.

Минатата година Северна Кореја тестираше повеќе системи за оружје кои имаат доволно голем достел да достигнат до нејзините соседи и САД, вклучително и интерконтинентални балистички ракети со цврсто гориво.

Постои загриженост дека нејзините воени способности на Северна Кореја би можеле дополнително да се зајакнат со помош на технологијата од Русија, со која соработува поблиску откако испрати војници на фронтот во Украина од руска страна.

Видете и ова: Тенкови, дронови и војници во борба за руско село во Курск


Од 2021 година, Северна Кореја тестира различни хиперсонични оружја способни да летаат со пет пати поголема брзина од звукот. Брзината и маневрирањето на таквото оружје се наменети за „заобиколување“ на регионалните системи за ракетна одбрана.

Последното лансирање го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, а медиумите објавија дека оружјето поминало 1.500 километри и достигнало брзина 12 пати поголема од звукот.