Германска двојка на 7 јануари призна дека убиле млада Украинка и нејзината мајка во март 2024 година за да и го украдат бебето. На првиот ден од судењето во Окружниот суд во Манхајм, двајцата обвинети признаа дека ја убиле 27-годишната Украинка и нејзината 51-годишна мајка.
„Се каам за се што направив“, рече мажот во изјавата што ја прочитаа адвокатите.
„Направив голема грешка,“ додаде неговата сопруга, јавува германската новинска агенција ДПА.
Според јавното обвинителство, парот чува четири деца, меѓу кои и еден нивниот син.
По претрпените голем број спонтани абортуси и неуспешниот третман за плодност, тие планирале да го киднапираат новородено девојче и да го исчуваат како своја ќерка.
„Навистина сакавме да имаме заедно ќерка, тоа беше најголемата желба на мојата сопруга“, изјави сопругот во судницата.
Видете и ова: Руски високи фунцкионери директно вклучени во депортација на украински децаДвојката намерно ги таргетирала бегалците од руската инвазија на Украина, приклучувајќи се на група на социјалната платформа Телеграм нудејќи им на бегалците помош при превод на документи.
27-годишната Украинка со својата мајка и бебе биле сместени во кампот за бегалци во југозападниот германски град Вислох, кога стапила во контакт со парот.
На 6 март 2024 година, тие наводно им дале седативи на двете жени во ресторан по што мажот ги убиел двете жени со тап предмет на две одделни локации.
Според обвинението телото на бабата го фрлиле во езеро и го запалиле телото на мајката пред да тргнат дома со бебето.
Телото на 27-годишната жена следниот ден го открил случаен минувач на брегот на Рајна, а полицијата го уапсила парот по што го пронашле и бебето на 13 март.
Двојката оттогаш е во притвор, додека бебето се вратило во Украина под старателство на нејзината тетка, која е тужител во случајот.
За постапката се закажани вкупно девет судски дена, а пресудата се очекува да биде објавена на 21 февруари.