Временска прогноза- променливо облачно

Илустрација

Денеска не очекува променливо облачно време. По котлините утрово беше магливо со ниска облачност. Во овие делови студеното време ќе се задржи и преку ден. Се очекува во останатите делови од земјата да има сончеви периоди и да биде релативно топло време. Можно е да дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Видете и ова: ОН: Климатските промени предизвикаа екстремни временски услови во 2024 година

Минималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 5°C, а максималната од 7 до 15°C.

Најниска температура измерена утрово беше во Берово -3, додека највисока во Маврови Анови 4 степени. Највисока снежна покривка е забележана на Попова Шапка со висина од 43 сантиметри и 38 на Маврови Анови.