Две лица загинаа, а шест беа повредени на 1 јануари во Киев во напад на руската армија, која утрото истиот ден лансираше бран од 111 беспилотни летала врз Украина.
Тоа е првиот руски напад на првиот ден од 2025 година, додека ден претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски во својот новогодишен говор рече дека Новата година ќе биде „година на преговори што треба да стават крај на војната“.
Рускиот претседател Владимир Путин кон крајот на декември се закани дека ќе го нападне центарот на Киев како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел врз неговата земја.
Видете и ова: Русија ја таргетира Украина со дронови, Киев собори 63„По утринскиот напад, бројот на жртви во Киев се зголеми: двајца загинати, шестмина повредени, четири лица се спасени“, објавија украинските служби за итни случаи на Telegram.
Спасувачите изјавија и дека го ставиле под контрола пожарот кој ја оштети станбената и административната зграда во областа Печерск во историскиот центар на главниот град.
Пожарот е предизвикан од паѓање на остатоци од дронови соборени од противвоздушна одбрана.
Зградата и припаѓа на Народната банка на Украина, а се наоѓа на околу 300 метри од претседателските канцеларии.
„Дури и на новогодишната ноќ, Русија се грижи само да и наштети на Украина“, рече Зеленски.