Хрватската Влада донесе одлука утре да биде Ден на жалост поради трагедијата во Основното училиште Пречко во Загреб, при што е убиено седумгодишно дете, седум други се ранети од кои пет деца и двајца возрасни.
Во Основното училиште Пречко во Загреб денеска 19-годишно момче со нож нападна учителка и неколку ученици. Од здобиените повреди почина едно дете, а пет деца кои се ранети се хоспитализирани.
„Нападот го извршил 19-годишен маж кој десет минути подоцна бил уапсен кога полицијата го спречила да се самоубие“, хрватски Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.
Видете и ова: Едно дете загинало во напад со нож во училиште во ЗагребТој додаде дека насилникот бил ученик во тоа училиште и живеел во близина на училиштето.
Напаѓачот набрзо по нападот побегнал и криејќи се во тоалетот во блиска болница се обидел да се самоубие со ножот, нанесувајќи си неколку убодни рани во вратот. Полицијата го спречила и тој сега е под полициски надзор во болницата, јавува Хрватската радио телевизија.
„Се утврдуваат околностите и динамиката на овој настан“, рече Божиновиќ, додавајќи дека истрагата и другите дејствија што ги спроведува полицијата, како информативни разговори и одземање на снимките од надзорните камери, се во тек.