Српски студенти најавија протести претпладнево пред Собранието на Војводина каде во 10 часот на седница се предлог-буџетот за следната година и 24 други точки, јавија српските медиуми.
Причината за протестот во Нови Сад е што меѓу 25-те точки на дневниот ред нема ниту една за „студентската борба, ниту за смртта на 15 лица“.
Во исто време, продолжуваат блокадите на факултети и дел средните училишта во Србија.
Учениците ги повикаа граѓаните да донесат свирчиња, тенџериња и тави и се што прави врева, за како што велат „да им покажеме дека не можат да не игнорираат, дека не можат да не замолчат“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Што се крие зад студентските протести во Србија?
Во сутеренот на Собранието на Војводина има и заклучен пратенички клуб, кој, како што може да се види на фотографиите што веќе кружат на социјални мрежи, е полн со припадници на жандармеријата.
Таков беше случајот пред десетина дена, на претходната седница на Собранието на Војводина, а беше случај и пред две недели кога градскиот парламент одржа седница на која се расправаше за разрешувањето на градоначалникот Милан Ѓуриќ.