Киргистанскиот премиер Акилбек Јапаров поднесе оставка на 16 декември без да даде какво било образложение.
Од кабинетот на киргистанскиот претседател потврдија дека Акилбек Јапаров поднел оставка и ќе биде преместен на друга функција.
Претседателот го назначи Адилбек Касималиев (64) за шеф на кабинетот на министри и вршител на должноста премиер.
Акилбек Јапаров беше под зголемен притисок да поднесе оставка по неодамнешното апсење на високи даночни службеници под обвинение за корупција.
Видете и ова: Јапаров предлага нова национална химна за „развојот“ на КиргистанАкилбек Јапаров (60) ја води владата од 2021 година, станувајќи премиер со најдолг стаж во Киргистан.
Централноазиската нација доживеа значителна политичка и социјална нестабилност од стекнувањето независност од Советскиот Сојуз во 1991 година.