Висок раководител во руска компанија која развива крстосувачки ракети што ги користи Москва во војната со Украина, наводно, бил застрелан и убиен непосредно пред главниот град, објавија украинските медиуми на 12 декември.
Според нив, Михаил Шацки, заменик-главен дизајнер во бирото „Марс дизајн“, кое развива и произведува системи за руската воена и воздушна индустрија, бил застрелан два дена претходно во близина на градот Котелники во московскиот регион.
Полицијата не ја коментираше веста, но извештаите на социјалните мрежи и локалните вести, кои не се независно потврдени, го идентификуваа Шацки како жртва.
Медиуми во Украина објавија дека Шацки бил вклучен во модернизацијата на ракетите Кх-59 и Кх-69, а помагал и во развој на беспилотни летала.Тоа оружје Русија го употреби за да напаѓа цели во Украина.
Видете и ова:
Украинско-руски државјанин осуден за велепредавство во РусијаПред три дена автомобил-бомба го уби Сергеј Евсјуков, кој го водеше затворот во Оленивка, село во регионот Доњецк окупирано од Русија, во период кога повеќе од 50 украински заробеници беа убиени во контроверзна експлозија во јули 2022 година.
Иако никој не презеде одговорност за двата инциденти, рускиот воен персонал и руски функционери неколку пати беа мета на териториите окупирани од Русија на Украина. Во многу случаи, нападите биле смртоносни.
Украинските власти обично велат дека зад таквите напади стојат „герилски сили“. Русија ги обвинува тајните служби на Украина за организирање и спроведување на нападите.
Познатиот руски новинар и тврд критичар на Кремљ, Александар Невзоров, прв објави за смртта на Шацки на Телеграм, при што проследи фотографии од, како што напиша, телото на Шацки.
Независниот истражувачки медиум ИСторис ги лоцираше сликите на локација во близина на домот на Шацки, но тие тврдења остануваат непотврдени.