Авганистански талибански министер загина во експлозија во Кабул

Калил-ур-Рахман Хакани: поранешен вршител на должноста министер за бегалци и репатријација под владата на талибанците.

Калил Хакани, министерот за бегалци во авганистанската администрација предводена од талибанците, е убиен во експлозија во главниот град Кабул, изјавија два извори од владата на Авганистан за Радио Азади на 11 декември.

Изворите рекоа дека во експлозијата, која се случи во комплексот на министерството, загинале и други лица, иако не се дадени детали.

Видете и ова: Насилство врз жените - злосторство што ги преминува границите

Хакани, вујко на вршителот на должноста министер за внатрешни работи на Талибанците, Сираџудин Хакани, е првиот висок член на кабинетот убиен во експлозија откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година, кога меѓународните сили се повлекоа од земјата разурната од војна.

Соединетите Држави го прогласија Калил Хакани за глобален терорист на 9 февруари 2011 година и понудија награда од 5 милиони долари за информации што ќе доведат до негово апсење.