Семејство со две деца со автомобил утринава заглавиле во снегот на локалниот пат околу Мавровското Езеро.
Од ЦУК информираат дека гостиварските пожарникари пријавиле дека утрово во 10:21 часот има заглавени лица во снегот кај селото Леуново.
Во околината на Маврово до утрово наврнаа близу 80 сантиметри снег што го отежнува одвивањето на сообраќајот.
Видете и ова: УХМР: Облачно време со дожд и снегОд регионалниот Центар за управување со кризи Тетово известуваат дека добиле информација од претпријатието задолжено за одржување на магистралните и регионалните патни правци дека висината на снежната покривка е околу 80 сантиметри.
Чистењето на снегот на патот околу Мавровско Езеро дополнително го отежнуваат и паднатите дрвја на коловозите.