Украинскиот суд го осуди познатиот руски актер Владимир Машков на 10 години затвор, соопшти Службата за безбедност на Украина (СБУ).
Машков, во отсуство, беше прогласен за виновен за поткопување на територијалниот интегритет на Украина и за промовирање воена пропаганда.
Дополнително, судот нареди конфискација на станот на Машков во Одеса, кој наводно му го подариле обожавателиза неговата улога во телевизиската серија „Ликвидација“, чие дејство се одвива во повоена Одеса.
Видете и ова:
Затворски казни за двајца Руси за оштетување на споменикот на загинатите во војната во УкраинаСлужбата за безбедност на Украина го истакна учеството на Машков во про-Кремљ настани, вклучително и на таканаречени „концерти-митинзи“ со заложби за агресија врз Украина. Некои од тие настани се одржаа на територии окупирани од Русија.
Машков беше доверлив сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и служеше како висок член на тимот на Путин за изборната кампања годинава.
Машков во повеќе наврати изјави дека ја поддржува политиката на Путин. Во 2020 година беше член на комисијата за измени на Уставот. Тој ја поддржа целосната воена инвазија на Русија на Украина. Во март 2022 година актерот настапи на концерт во чест на годишнината од анексијата на Крим на Црвениот плоштад.