Руските власти уапсија германски државјанин обвинет дека планирал саботажа на енергетски објекти по наредба од Украина.
Федералната служба за безбедност (ФСБ) во денешното соопштение (20 ноември) наведе дека го привела германскиот државјанин Николај Гајдук во моментот кога од Полска влегувал во руската ексклава Калининград и запленила половина литар течен експлозив од неговиот автомобил.
ФСБ го обвини Гајдук, жител на Хамбург, дека планирал саботажа по наредба на Украинецот Александар Жоров, кој исто така живее во Хамбург.
Видете и ова:
Украинската енергетска инфраструктура цел на масовен руски нападНе е наведено дали Гајдук има и руско државјанство или виза за влез во земјата, ниту кога точно е уапсен, но се наведува дека тој бил вклучен во експлозијата на бензинска пумпа во Калининград во март 2024 година и дека против него е поднесена кривична пријава за терористички напад и шверц на експлозив.
Судот нареди Гајдук да биде ставен во истражен затвор до истрага и судење.