Републиканците во американскиот Сенат го избраа Џон Тун за претседател на тоа тело, со што е завршена значителна промена во нивното раководство со враќањето на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
„Тоа е нов ден во Сенатот на Соединетите Држави“, им рече Тун на новинарите веднаш по изборот.
Тој рече дека неговото мнозинство ќе работи на заострување на законите за гранична безбедност, намалување на трошоците за енергија и укинување на регулативите што тие ги сметаат за оптоварувачки.
„Возбудени сме што ќе го вратиме мнозинството и ќе работиме со нашите колеги во Претставничкиот дом за спроведување на агендата на претседателот Трамп“, рече Тун.
Видете и ова: Како го гледа светот Марко Рубио, новиот државен секретар на САД?Трамп му честиташе на Тун за неговиот избор за лидер на мнозинството во Сенатот. Во објава на својата социјална мрежа, тој рече дека со нетрпение очекува да работи со Тун и другите членови на раководството на републиканците во Сенатот за „Да ја направиме Америка повторно голема“.
Републиканците ќе имаат најмалку 52 од 100 претставници во Горниот дом и тие се на пат да го задржат мнозинството во Долниот дом, кој се уште ги чека конечните резултати од изборите.
Тун е 63-годишен ветеран претставник кој важи за умерен и близок со многу републиканци.
Во моментов тој е вториот највисоко рангиран републиканец во Сенатот, а на новата функција ќе го наследи 82-годишниот Мич Меконел, лидер на тој дом со најдолг мандат во историјата.
Тун ги победи сенаторите Џон Корнин од Тексас и Рик Скот од Флорида, близок сојузник на Трамп поддржан од влијателни непартиски личности како милијардерот Илон Маск и конзервативниот коментатор Шон Ханити.
Трамп јавно не поддржа ниту еден од кандидатите.