Свежи утра со сончеви попладневни часови

Macedonia - Autumn in Macedonia

Се очекува времето наутро во текот на викендот да биде студено со појава на магла по одделни котлини. Но во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе се движи од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје утрото ќе биде студено со појава на магла во делови од котлината. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 19 степени.

Видете и ова: Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух


Според прогнозата на УХМР, под влијание на постудена воздушна маса од север, утре (недела) дневната температура ќе опадне за пет до седум степени.

„Потоа следува период на променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе има услови за провејување на снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.