Деветмина повредени во напад на руски дрон на Киев

илустрација

Најмалку девет лица се повредени синоќа во Киев, главниот град на Украина, во напад на руски дрон кој предизвика пожар во станбена зграда, соопштија украинските власти.

„По напад со дрон, избувна пожар на вториот и третиот кат на деветкатница“ во западниот кварт Соломјански, објави украинската служба за итни случаи на Телеграм.

Видете и ова: Четворица загинати, многумина ранети во руските напади на Харкив и Киев

Официјални лица изјавија дека во нападот е повредено и едно 11-годишно девојче.

Во исто време руското Министерство за одбрана соопшти дека армијата синоќа пресретнала 23 украински беспилотни летала над руска територија.