Ги извршивме сите обврски кои ни беа зададени за изборите да бидат фер, изјави денеска (29 октомври) привремениот премиер на Бугарија Димитар Главчев пред новинарите.
Главчев посочи дека не може да процени какви се шансите да се формира редовна влада.
„Не можам да зборувам за шансите, не сум ниту социолог, ниту политолог. Не можам да предвидам какви ќе бидат процесите, но сè уште се надевам дека ќе се формира редовна и стабилна влада. Сите имаат потреба од тоа“, рече техничкиот премиер.
Видете и ова:
Дали последните избори ќе ја извлечат Бугарија од политичкиот ќор-сокак?На прашањето дали треба да се зголеми прагот од 4 проценти за влез во парламентот, тој одговори:
„Тоа е работа на следните легислативи на Народното собрание. Ние сме привремена влада, ги извршуваме нашите обврски согласно постојното законодавство.“
Главчев додаде дека зависи од народните претставници, кои треба да обезбедат потребно мнозинство, дали ќе има законски промени или не.
Парламентарните избори во Бугарија на 27 октомври и донесоа најмногу гласови на партијата на десниот центар ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, но не доволно за самостојно да формира влада.
Тој се очекува да го направи тоа. Но, и покрај тоа што победи на пет од седум парламентарни избори од 2021 година, партијата на Борисов не успеа да формира коалиција.