Иран ќе го зголеми буџетот за одбрана за околу 200 отсто

илустрација

Владата на Иран планира да го зголеми воениот буџет за околу 200 проценти, изјави владината портпаролка Фатемех Мохаџерани.

Планираното зголемување на буџетот за одбраната е дел од предлогот за државниот буџет, што Владата го поднесе до Парламентот на одобрување.

Зголемувањето на буџетот за одбрана уследи по повеќемесечните напади помеѓу Иран и Израел.

Видете и ова: Иранските власти ќе одредат како да му одговорат на Израел, вели врховниот лидер

На 26 октомври Израел го нападна Иран како одговор на иранскиот ракетен напад врз Израел на 1 октомври.

Техеран вчера соопшти дека „ќе ги искористи сите расположливи средства“ за да одговори на израелскиот напад.