Утрото на 24 октомври неименуван ученик застрелал друг ученик во училишниот двор во Сараево, соопшти полицијата.
Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево соопшти дека полицијата во осум часот утрото била известена за „инцидент“ пред Средното металуршко училиште, во кој е повреден еден ученик.
„Полициските службеници при излегување на терен констатирале дека еден малолетник употребил огнено оружје, а друг малолетник повредил во потколеницата“, соопшти Министерството за внатрепни работи на кантонот Сараево.
Повредениот малолетник е пренесен во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС), а другиот малолетник наводно е под полициска контрола.
Видете и ова:
Започна судењето за масовното убиство во основно училиште во Белград, родителите на малолетникот негираа винаНа повредениот малолетник во КЦУС му била констатирана „лесна физичка повреда“, соопшти полицијата.
Оттаму додаваат дека Обвинителството во Сараево е информирано за сè.
Во последните денови, основните и средните училишта во Сараево се справуваа со десетици лажни пријави за поставени бомби, а закани беа испратени и на адресите на судовите, аеродромите и касарните на вооружените сили низ земјата.
Досега се откриени и приведени неколку малолетници.