Најмалку 20 загинати во израелски воздушен напад врз училиште во Газа

Палестинците на местото на израелскиот напад врз шаторите каде што раселените луѓе се засолниле, Деир Ал-Балах во централниот дел на Појасот Газа, на 14 октомври 2024

Најмалку 20 лица, меѓу кои и деца, загинаа во израелски воздушен напад врз училиште, претворено во засолниште во централниот дел на Појасот Газа, соопштија локалните болници.

Во нападот синоќа (13 октомври) во Нусејрат загинаа и две жени. Во училиштето беа сместени некои од многуте Палестинци раселени од повеќе од едногодишната војна во Газа.

Видете и ова: Израелски напади во Газа - Хезболах нападна база јужно од Хаифа

Според Министерството за здравство на Газа, над 42 000 Палестинци се убиени во бомбардирањето и копнената операција на Израел во Газа. Податоците на министерството не прават разлика меѓу борци и цивили.

Палестински медиуми, доцна синоќа јавија дека во израелски воздушен напад во Појасот Газа загинале пет деца.