Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, во неделата повтори дека го смета генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш за „персона нон грата“ затоа што не го осудил ракетниот напад на Иран и како што го опиша како „антисемитско и антиизраелско однесување“.
Изјавата на Кац доаѓа десет дена откако тој рече дека му забранува на Гутереш да влезе во земјата затоа што не „недвосмислено“ го осудил ракетниот напад.
Иран истрела повеќе од 180 балистички ракети кон Израел на 1 октомври, во услови на ескалација на израелските борби со Хезболах во Либан, кој САД го прогласија за терористичка организација.
На црната листа на Европската унија е и вооруженото крило на Хезболах, но не и политичката партија која има места во либанскиот парламент.
Во исто време, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата го повика шефот на ОН „да ги отстрани мировните сили распоредени во јужен Либан од опасност“.
Повикот на Нетанјаху до Гутереш доаѓа еден ден откако привремените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ) одбија да се повлечат од пограничната област, и покрај тоа што петмина нејзини членови беа ранети во последните денови.
Видете и ова: Нападите врз членовите на ОН во Либан ги осудија околу 40 земјиНетанјаху, говорејќи на состанокот на владата, рече дека израелските сили неколкупати побарале од УНИФИЛ да замине, но дека „наиделе на постојано одбивање“, што претставувало „човечки штит за терористите на Хезболах“.
„Вашето одбивање да ги евакуирате војниците на УНИФИЛ ги прави заложници на Хезболах. Ова ги загрозува нив и животите на нашите војници. Жалиме за повредата на војниците на УНИФИЛ и правиме се што е во наша моќ да ја спречиме. Едноставен начин да се обезбеди ова е едноставно да се извлечат од опасната зона“, рече Нетанјаху.
Околу 40 земји ги осудија нападите врз членовите на УНФИЛ, во заедничката изјава, објавена од полската мисија во ОН, предупредија дека мора веднаш да престанат.
САД и европските земји претходно го повикаа Израел да ја гарантира безбедноста на мировниците на ОН.
УНИФИЛ, мисија од околу 9.500 војници од различни земји, има задача да го надгледува прекинот на огнот со кој заврши 33-дневната војна меѓу Израел и Хезболах во 2006 година.