Министерот за правда Игор Филков во Приштина остварил работна средба со косовската министерка за правда Албулена Хаџиу, на која биле разменети искуствата и добрите практики во реформските процеси.
„На средбата беше дискутирано и за две отворени прашања од интерес на двете земји. Разговарано беше за случајот „Монструм“, за којшто од косовска страна беше презентирано дека барањата за екстрадиција се процесуирани од страната на Јавното обвинителство и дека веднаш откако ќе биде донесено решение или ќе имаат конкретни информации за истото ќе го информираат Министерството за правда на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за правда.
Претходно речиси веднаш по стапувањето на функцијата во јули, Филков информираше дека пофторно се бара екстрадиции за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Тие се осудени на доживотен затвор за кривичното дело „тероризам“.
Видете и ова:
Мицкоски - Курти : Нема нарушени дипломатски односи, инцидентот на аеродромот ќе се расветлиПрвата еккстрадиција беше побарана на 15 март 2013 година, но Косово го одби барањето. Втор пат екстрадиција е побарана за двајцата на 05.09.2018 година.
На 8 октомври 2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива, а за Демири нема одговор.
За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години. Ослободителна пресуда поради недостиг на докази доби единствено обвинетиот Сами Љута.
Во однос на барањето на Косово за случајот „Диво насеље“, министерот Филков посочил дека сите предмети се земени во работа и дека се постапува со нив согласно националното законодавство и сите меѓународни стандарди.
Двајцата министри ја искажале својата определба да продолжи соработката меѓу двете институции во насока на остварување на заедничките заложби.